Top Sport

„Топчиите“ со драматичен финиш влегоа во полуфиналето на ФА купот (видео)

Дани Себалјос постигна гол во 91. минута за да ги однесе Арсенал во полуфиналето на ФА купот по драматичната 2:1 победа над Шефилд јунајтед, откако водството кое го имаа цел меч беше поништено во 87. минута.

Мечот не започна најдобро за тимот на Микел Артета, откако домаќините уште во осмата минута постигнаа гол преку Џон Лундстрам, но тој беше поништен од ВАР системот поради офсајд. Никола Пепе ги донесе „топчиите“ во предност во 25. минута со гол од белата точка, пред во второто полувреме Арсенал да остане без Давид Луиз, кој се повреди во 57. минута.

Дејвид Мекголдрик во 87. минута осигура да има драма на „“ по една несфатлива грешка на одбраната на „топчиите“, пред Себалјос да се покаже како „џокер“ во 91. минута.

Арсенал е втор тим во полуфиналето на ФА купот, откако Манчестер јунајтед вчера го совлада Норич по продолженијата. Во другите две четврт-финалиња денеска играат Лестер-Челси и Њукасл-Манчестер сити.

Scroll to Top