Енис Барди попладнево го постигна својот петти гол сезонава во Примера но не успеа да спречи пораз на Леванте. Тимот на чии дрес го носи репрезентативецот на Македонија како домаќин во 36 коло е поразен од Атлетик Билбао (1:2).
Гостите од Билбао одиграа одлично во првото полувреме кога ја стекнаа недостижната предност. Двата гола за Атлетик ги постигна ветеранот Раул Гарсија, првиот во четвртата, а вториот во 46 минута.
Барди само го намали резултатот во 71 минута. Македонскиот репрезентативец одлично ја испрати акцијата на Борха Мајорал и од два метри ја смести топката во голот на Атлетик.
Леванте и покрај поразот остана на 12 место со 43 бода, додека Атлетик ги прескокна Реал Сосиедад и Валенсија и со 51 бод сега е на седмото место.
Во претпоследното коло Леванте ќе гостува во Виго кај Селта, а Атлетик ќе го пречека Леганес.