Top Sport

Барези именуван за почесен потпретседател на Милан

Легендата на Милан, Франко Барези беше именуван за почесен претседател на „росонерите“, по што изјави дека овој потег му носи огромна гордост и се заблагодари на Паоло Скарони и Иван Газидис за честа.

Барези целата 20-годишна кариера ја помина во Милан, каде што 15 години беше капитен и честопати е сметан за еден од најдобрите дефанзивци во историјата на фудбалот. Со Милан, тој освои три европски титули и шест трофеи во Серија А.

„Се заблагодарувам на клубот, на претседателот Скарони и на генералниот директор Газидис за ова. Се работи за голема чест, која ми носи огромна гордост. Клубот мислеше на мене и јас ќе продолжам да работам за овој славен грб, за голем Милан“, изјави Барези.

ТОП ретро – италијанскиот „ѕид“ Франко Барези

Scroll to Top