Top Sport

Нејмар повторно се повреди

Нејмар изддржа само 26 минути од гостувањето на Пари Сен-Жермен кај Башакшехир, по што беше заменет од Пабло Сарабија во уште еден пех со повредите на Бразилецот.

Ова е нова повреда за најскапиот фудбалер на светот, кој прво го пропушти првиот меч од новата сезона по позитивниот тест на КОВИД-19, за потоа да пропушти два меча од новата сезона во Лига 1 поради контроверзниот црвен картон против Марсеј, за на крајот да добие удар по скочниот зглоб на мечот со Рен.

Лани, Нејмар исто така имаше повеќе периоди во кои се мачеше со повредите.

Scroll to Top