Top Sport

Барези: Малку клубови можат да ти го понудат тоа што го имаш во Милан

Легендата на Милан, Фрако Барези вели дека малку клубови може да ти дадат тоа што ќе го доживееш кај „росонерите“, но дека мора да се почитуваат одлуките на тие кои си заминуваат од клубот.

Ова доаѓа откако Џанлуиџи Донарума и Хакан Чалханоглу си заминаа како слободни фудбалери од клубот, а навивачите не им простија за „предавството“ – Донарума беше обвинет дека ги избрал парите пред верноста на клубот кој му даде многу, додека Чалханоглу премина во градскиот ривал Интер.

Барези освои три европски титули и шест италијански круни со Милан и вели дека сите во клубот мораат да ја знаат историјата на клубот.

„Не верувам дека има играч кој игра за Милан, а не ја знае историјата. Или ја чувствува длабоко во душата, или наоѓа смисла да замине од клубот. Но, тој избор мора да се почитува. Милан е еден од најголемите клубови на светот и малку клубови можат да ви го пружат тоа што Милан може да го даде. Тоа е се што можам да кажам“, вели Барези за „Спортвик“.

Тој ги отфрла шпекулациите дека Интер го одбиле на стартот на неговата кариера.

„Интер ме следеа кога бев млад, но никогаш не ме повикаа бидејќи скаутот кој ме следеше почина. Отидов во Линате на тест кај Милан, кои потоа ме викнаа во Миланело и решија да ми дадат договор. Секогаш сум бил навивач на Милан“, додава Барези.

Scroll to Top