Top Sport

Шкупи со победа во Кавадарци остана лидер, Академија Пандев со пресврт против Шкендија

Шкупи останува лидер во Првата лига откако стигна до минимална 1:0 победа на гостувањето кај Тиквеш во 10. коло, додека во дербито на колото, Академија Пандев се врати од негатива за 2:1 победа над шампионот Шкендија за да се искачи на третото место на табелата.

Голот на Абдул Рватубјаје во 30. минута беше доволен за седма победа во 10 кола за Шкупи, и за заддржување на првото место на табелата со два поени предност пред Ренова, која немаше проблем и со 2:0 го совлада тимот на Пелистер.

Во Струмица пак, во дербито, Љупче Дориев во 17. минута даде гол против својот поранешен клуб за водство на Шкендија, но „Академците“ се вратија во второто полувреме со два гола во 9 минути на Мартин Мирчевски.

Фото: ФК Шкендија

1.МФЛ, 10.КОЛО

Академија Пандев – Шкендија 2:1

Брегалница – Македонија Ѓорче Петров 4:1

Ренова – Пелистер 2:0

Струга – Борец 1:1

Тиквеш – Шкупи 0:1

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top