Барнли го вратија Дени Дринквотер на Челси по шестмесечната позајмица одбележана со скандали надвор од теренот и со малку влијание во тимот на Шон Дајч.
Дринквотер се надеваше дека ќе ја врати кариерата на вистински пат на „Турф мур“, но имаше само два меча за Барнли откако беше нападнат во алкохолизирана состојба при луда ноќ во Манчестер.
29-годишниот фудбалер од средниот ред дојде во Челси за 35 милиони фунти во 2017 година со петгодишен договор, но по низата повреди имаше само 23 настапи за „сините“ во две сезони. Претходниот тренер Маурицио Сари јасно му порача дека не е во неговите планови (тој играше само еднаш под него), а ниту во Барнли немаше многу среќа.
Френк Лампард исто така не би требало да му даде шанса да влезе во првиот тим на Челси, така што тој најверојатно повторно ќе биде пратен на позјамица во тимот на Астон вила.
Дринквотер флертувал со туѓа девојка, па добил сериозен ќотек