Top Sport

Дринквотер флертувал со туѓа девојка, па добил сериозен ќотек

Фудбалерот од средниот ред на Барнли, Дени Дринквотер добил посериозни повреди откако бил нападнат од група луѓе по луда ноќ во Манчестер во која тој флертувал со туѓа девојка.

Поранешниот англиски репрезентативец и поранешен фудбалер на Челси, по поразот од Ливерпул минатиот викенд, во алкохолизирана состојба флертувал со девојка на друг фудбалер, по што група од шест луѓе го „прегазила“, јавува „Сан“.

Според весникот, Дринквотер, кој бил многу пијан постојано се пуштал на девојката на дефанзивецот на Сканторп јунајтед, Ксоги Нтле во еден ноќен клуб во Манчестер, а иако повеќе пати му било посочено дека треба да се тргне, на крајот обезбедувањето на ноќниот клуб ги отстранило од објектот.

Надвор, повеќе од шест луѓе го тепале Дринквотер со извици „скрши му ги нозете“.  „Сан“ тврди дека фудбалерот на четвртолигашот Сканторп, Јужноафриканецот Нтле не бил вклучен во нападот. Полицијата не била повикана.

Scroll to Top