Top Sport

Барнли му откина поени на Лестер, Астон вила шокирана во Шефилд

Лестер имаа среќа што на голот го имаа расположениот Каспер Шмахјел за да извлечат 1:1 реми со Барнли, додека „фенерџијата“ Шефилд јунајтед со 1:0 ја совлада Астон вила, тим кој има огромни проблеми со повреди.

Матеј Видра ги донесе Барнли во водство по само четири минути игра на „Турф мур“, пред Келечи Ихеаначо да израмни во 34. минута од мечот. „Лисиците“ имаа повеќе од играта, но најдобрите шанси ги имаа домаќините, за на крајот да остане 1:1. Лестер се израмнија со бројот на поени со второпласираниот Манчестер јунајтед, но сега имаат натпревар повеќе, додека Барнли се 15. со 29 поени, шест над зоната за испаѓање.

Шефилд јунајтед, убедливо последнопласираниот тим во Премиер лигата, ја забележа само четвртата победа оваа сезона, откако со голот на Дејвид Мекголдрик, по што издржаа цело второ полувреме со играч помалку. Со победата, Шефилд имаат 14 поени, односно се 12 поени од безбедната зона.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 29.КОЛО

Барнли – Лестер 1:1

Шефилд јунајтед – Астон вила 1:0

Scroll to Top