Top Sport

Стиви Џи не го загубил темпераментот – доби црвен за расправија со судијата

Поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард е човек кој никогаш не ја криел страста кон фудбалот, а тоа очигледно продолжи и во тренерската кареиера, откако доби црвен картон за расправија со судија.

Џерард може да го пропушти мечот на кој Глазгов Ренџерс ќе ја освојат првата титула во шкотскиот шампионат од 2011, откако на полувремето на мечот со Ливингстон, влезе во расправија со судијата Џон Битон, кој му даде црвен картон.

Џерард се бунеше за ситуацијата во која колумбискиот напаѓач Алфредо Морелос наместо да добие пенал, доби жолт картон за симулација.

„Не зборуваш со мене?“, му рече Џерард на Битон. Овој му одговори: „Не смеам“. „Знам зошто не зборуваш, бидејќи направи еб.на грешка. Не си во ред“, одговори 40-годишниот Џерард. Прво доби жолт картон, но откако не престана да протестира му беше покажан и втор жолт картон.

За „инает“, Морелос во 87. минута постигна гол за 1:0 победа, која го остава Ренџерс на 18 поени пред Селтик на седум меча пред крајот на сезоната. Ренџерс играат со Сент Мирен во сабота, пред Селтик во недела да гостуваат кај Данди јунајтед – ако Ренџерс победат, а Селтик загубат, титулата ќе биде осигурана пред „Олд Фирм“ дербито на крајот на месецот.

Scroll to Top