Top Sport

Барнли обвинет за „местење“ во Чемпионшип?

Барнли, тимот на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, моментно првопласиран во Чемпионшип кој веќе математички осигура пласман во Премиерлигата, е под истрага на ФА на Англија за потенцијално местење натпревари. Станува збор за натпреварот одигран на 15 април против Ридинг. Натпреварот заврши 0:0, а менаџерот на Барнли, Винсен Компани реши практично да донесе резервен состав на теренот и да одмори седум главни играчи.

Сето ова се случи на еден натпревар откако Барнли и математички обезбеди враќање во Премиерлигата. Проблемот го посочи Хадерсфилд, тим кој се бори за опстанок заедно со Ридинг и е лут што Барнли му „подари“ бод на големиот ривал.

Според медиумите на Островот, Барнли би можел да биде казнет со голема парична казна, но уште поважно – и со губење на бодови. Ова може да го компромитира и враќање на клубот во Премиерлигата.

Scroll to Top