Top Sport

Кампацо од следната сезона се враќа во Реал Мадрид

Плејмејкерот на Црвена Звезда, Факундо Кампацо, од следната сезона ќе се врати во Реал Мадрид, пренесува влијателниот „Релево“.

Шпанските медиуми многу сигурно објавија дека претставниците на Реал Мадрид, директорот Хуан Карлос Санчез и спортскиот директор Алберто Херерос се сретнале со Факундо Кампацо во пресрет на натпреварот меѓу Црвена Звезда и Барселона во каталонскиот град и договориле соработка за следната сезона.

Постоеше взаемна желба за повторно соработка по враќањето на Кампацо од НБА, но тоа не беше остварливо поради финансиски причини и проблемите на Аргентинецот со оданочувањето.

Сега, бидејќи доаѓа од Србија назад во Шпанија, ќе биде пријавен како „нерезидент“ и даночните власти би земале само 22 отсто од вкупниот договор што Кампацо ќе го потпише со Реал Мадрид.

Понудата на „кралскиот клуб“ до Кампацо наводно била 1.600.000 евра по сезона, открива „Релево“.

Scroll to Top