Top Sport

Барнли со бесплатни билети за последното коло, Тотенхем ќе наплаќа 60 фунти!

Последните кола од Премиер лигата нема да носат возбуди за шампионот, ниту за тие кои ќе опстанат во лигата, односно останува да се определат уште местата за во Лигата на шампионите, а ќе биде специјално по тоа што првпат по пандемијата на корона вирусот сите 20 клуба ќе имаат шанса да ги пречекаат домашните фанови на еден натпревар.

Колку ќе ги чини тоа фановите?

Барнли, на пример, на своите навивачи нема да им наплаќа за билетите и наместо тоа ќе одреди лотарија за тоа кој ќе може да го гледа мечот против Ливерпул, додека Тотенхем бараат највисоки во лигата 60 фунти за мечот со Астон вила.

Шампионите Манчестер сити имаат втори најскапи билети – од 24 до 53 фунти за мечот со Евертон, а ниту тие на Вест хем нема да поминат ефтино – од 17 до 51 фунти. И Вулверхемптон се одлучија за скапи билети – 40 до 45 фунти против Манчестер јунајтед, а фановите на Ливерпул за борбата со Кристал палас ќе мора да платат 45 фунти. Манчестер јунајтед, пак, на своите лути фанови ќе им дозволат да бидат на стадионот против Фулам за 30 фунти.

Scroll to Top