Top Sport

Ди Канио се потсмева со Рома и Мурињо: Навивачите веќе мислат дека освоија тројна титула

Поранешниот напаѓач на Лацио, Паоло ди Канио не го криеше разочарувањето што лутиот ривал Рома се реши да го ангажира Жозе Мурињо, потсмевајќи се дека дел од навивачите на „волчицата“ веќе мислат дека ги освоиле сите титули.

Во мај, тој имаше неверојатен напад на Мурињо, оценувајќи го како „најлошиот тренер во историјата“, а сега повторно инсистира дека Португалецот едноставно направи многу грешки последните месеци.

„Кога Рома го објави Мурињо, добив 300 пораки од мои пријатели кои се навивачи на Рома. Можев да ги слушнам само како врескаат. Но, има вистина во моите коментари. Тој направи премногу грешки во последните години. Да, освои многу со Интер, но тоа беше пред 10 години. Дел од моите пријатели мислат дека веќе ја освоиле тројната титула. Лудо е да се каже дека на Мурињо му оди добро во последните години, тој доби многу откази бидејќи не донесе резултати“, вели Ди Канио.

Ди Канио: Рома го донесе најлошиот тренер

Scroll to Top