Барселона по нецела сезона е разочарана од тоа што носи Антоан Гризман во клубот и подготвени се да го продадат за околу 100 милиони евра, тврди каталонскиот весник „Спорт“.
Според нив, Блауграна би прифатиле понуда од 100 милиони евра за францускиот напаѓач кој со голема „помпа“ пристигна од Атлетико Мадрид. За Гризман има доста заинтересиран клубови како Манчестер јунајтед и Пари Сен-Жермен, и покрај тоа што тој има 14 гола и 4 асистенции за Барселона оваа сезона.
Сепак, оваа вест доаѓа во неизвесна ситуација околу пазарот на фудбалери, по тврдењата дека одредени клубови ќе трошат помалку ова лето и по веста дека Барселона сериозно размислува за намалување на платите на своите фудбалери.
Barcelona put Griezmann on the transfer market https://t.co/1tFckknNZf
— SPORT English (@Sport_EN) March 22, 2020