Актуелните шампиони од Примера, Барселона стигнаа до убедлива 4:0 победа над Реал Мадрид во првото женско „Ел класико“ во историјата, на отворањето на новата сезона во шпанскиот женски фудбал.
Реал Мадрид стана еден од последните големи клубови во Европа со женска верзија на својот тим, откако во јули го презедоа тимот на ЦД Такон, и не можеа да дочекаат потежок противник од Барселона, клубот кој беше прогласен шампион по стопирањето на шампионатот во март поради корона вирусот.