Top Sport

Барса го доби женското „Ел класико“ со гол во 91. минута!

Барселона го совлада Реал Мадрид со 1:0 за пласман во финалето на женскиот Шпански Суперкуп откако во драматична завршница, најдобрата фудбалерка на денешницата, Алексија Путелјас постигна гол во 91. минута од мечот.

Женското „Ел класико“, кое од неодамна стана реалност кога Реал формираше женски клуб, беше без голови до самиот финиш, беше решено од Путелјас (освојувачка на „Златната топка“ и на ФИФА БЕСТ наградата за минатата сезона) во мешаница пред голот на „кралиците“.

Во финалето Барселона ќе игра со подобриот од вториот меч помеѓу Атлетико Мадрид и Леванте.

Scroll to Top