Барселона потврдија дека се договориле со Брага за трансферот на португалскиот „вундеркинд“ Франсиско Тринкао за 31 милиони евра. 20-годишното крило ќе пристигне на „Ноу Камп“ во текот на летото и ќе потпише петгодишен договор.
Тринкао беше дел од младинскиот тим на Брага од својата 11-та година, а дебитираше за португалскиот прволигаш во декември 2018 година. Тој беше најдобар стрелец на ЕП до 19 години во 2018 со пет гола и ќе треба да биде дел од новиот напад на каталонскиот тим.
Барселона, инаку, не направи ниту еден трансфер во јануари, и покрај потрагата за напаѓач како замена за повредениот Луис Суарез, иако Жан-Клер Тобидо замина на позајмица во Шалке, а Карлес Перез потпиша за Рома.
? Francisco Trincão
Agreement with @SCBragaOficial for Trincão transfer; he'll join FC Barcelona on 1 July 2020.— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 31, 2020