Top Sport

Барса го купија Густаво Маја и поставија откупна клаузула од 300 милиони

Барселона потврдија дека потпишале договор со талентот на Сао Пауло, Густаво Маја, кој добива договор до 2025 година и за кого платија 4.5 милиони евра и поставија откупна клаузула од фантастични 300 милиони евра.

Тинејџерот, кој игра на позицијата на напаѓач, оди директно во Б-тимот на Барселона. 19-годишниот Маја е дел од школата на Сао Пауло од неговата 14-та година и од 2018 година е во првиот тим, постигнувајќи 30 гола во 36 меча во сезоната 2018.

Барса наводно се договорија со Маја уште во јули, кога платија милион евра на Сао Пауло за да добијат гаранција за потпис.

Тој не е првиот талент на Сао Пауло кој доаѓа во Ла лига оваа година, откако неговиот сонародник Реиниер потпиша за Реал Мадрид во јануари за 35 милиони евра.

Scroll to Top