Top Sport

Хигинс со прва 147-ка на СП од 2012 година

Четирикратниот светски шампион Џон Хигинс првпат во својата кариера стигна до максимални 147 на Светските првенства, што е прво вакво остварување во славната „Крусибл“ арена во Шефилд од 2012 година.

Во 12. фрејм против Курт Мафлин, Шкотланѓанецот беше во фантастична форма за да го намали водството на противникот на 5:7 во меч во 13 добиени. За ова достигнување, Хигинс ќе добие 55.000 фунти.

Ова е само 11. максимум во историјата на Светските првенства.

Scroll to Top