Барселона со головите на Серхио Бускетс и Иван Ракитиќ стигна до 2:1 победа над Наполи во првиот меч од Ла Лига-Серија А купот во Мајами во средата навечер, во меч во кој шанса против каталонскиот гигант доби и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Наполи имаа подобро прво полувреме од експерименталниот состав на Барса во кој играа и новото засилување Јуниор Фирпо и младите Муса Ваг и Жан-Клер Тодибо, но Каталонците дојдоа во водство во 38. минута, кога Бускетс упати убав удар и го постигна својот прв гол од 2017 година.
Тимот на Карло Анчелоти израмни откако Самуел Умтити си ја смести топката во мрежата по ударот на Хозе Калехон. Антоан Гризман и Луис Суарез стартуваа за Барса, но пропуштија многу шанси.
Kонечните 2:1 ги постави Иван Ракитиќ во 79. минута од мечот. Вториот меч помеѓу Барса и Наполи ќе се одигра во Eн Арбор во недела.