Top Sport

Лукаку пречекан од навивачите на Интер во 2 часот наутро! (видео)

Ромелу Лукаку пристигна во Милано пред комплетирањето на трансферо од 73 милиони фунти од Манчестер јунајтед во Интер, и тоа што неговиот авион пристигна во 2 часот наутро не им пречеше на 500 навивачи на „нераѕурите“ да му приредат убав пречек.

Напаѓачот беше во Брисел, каде што тренираше со Андерлехт во последните неколку дена по летната сага околу неговиот трансфер, која наскоро ќе заврши со понудата од 65 милиони евра, плус 10 милиони евра во бонуси и 5 отсто од следниот трансфер, која ги убеди „ѓаволите“ да прифатат.

Scroll to Top