Top Sport

Барса го потврди трансферот на Тринкао

Фудбалскиот клуб Барселона го потврди трансферот на младиот Португалец од Спортинг Брага, Франциско Тринкао.

Тринкао има 20 години, може да игра на сите позиции во нападот, иако најдобро се снаоѓа како десно крило. Барселона за трансферот издвоиле 32 милиони евра, а во договорот што го потпишале со фудбалерот откупната клаузула изнесува 500 милиони евра.

Тринкао до крајот на сезоната ќе остане во Брага, а официјално играч на Барселона ќе стане на 1.јули.

Сезонава крилниот напаѓач има одиграно 22 натпревари на кои постигнал три гола и забележал шест асистенции.

Scroll to Top