Младинскиот шпански репрезентативец, Дани Олмо е пред враќање во својот матичен клуб Барселона од хрватскиот шампион Динамо Загреб, тврди шпанска „Марка“.
Олмо одличната сезона со Динамо ја надополнува на Европското првенство до 21 година во Италија, каде што во два натпревари има еден гол и една асистенција, што е доволна причина Барселона да појави интерес за поранешниот член на нивната славна академија „Ла Масија“.
За 21-годишниот Олмо Динамо наводно добил понуда од 25 милиони евра од Баер Леверкузен, а сега цената може да оди и нагоре кога во игра влегува и Барселона. Ако се реализира овој трансфер, Динамо ќе го сруши сопствениот рекорд за трансфер на еден фудбалер.