Top Sport

Барса и Ајакс во вечна врска – Де Јонг е само последниот од низата „каталонски“ Холанѓани (видео)

Барселона го потври доаѓањето на Френки де Јонг од Ајакс за фантастични 75 милиони евра, продолжувајќи ја традицијата на холадски фудбалери во Каталонија, почната со легендата Јохан Кројф.

Ајакс уште еднаш докажа дека ја има можеби најсилната „школа“ за фудбалери во 21-годишниот Де Јонг, за кого се бореа и Манчестер сити и Пари Сен-Жермен, но сега тој во Блауграна ќе биде барем пет години почнувајќи од јули.

„Со пристигнувањето на Френки де Јонг додаваме талент, младост и Барса-стил на нашиот проект. Сигурни сме дека тој ќе биде клучен дел од нашиот тим со години. Добре дојде, Френки!“, напиша претседателот на клубот, Жосеп Марија Бартомеу на Твитер.

Де Јонг е еден во низата на поранешни фудбалери на Ајакс кои ќе се „калат“ во Каталонија по Кројф, Роналд Куман, Патрик Клајверт, Патрик Клајверт, Френк де Бур и Луис Суарез како поранешни фудбалери на двата клуба.

Холандскиот плејмејкер постигна три гола и имаше една асистенција во Ередивизие оваа сезона, откако лани имаше седум асистенции. Тој е креативен играч од средниот ред, но во минатото играше и како централен бек за Ајакс, бидејќи во холандскиот клуб не е реткост фудбалерите да добиваат различни позиции во стилот на „тоталниот фудбал“, на пример, голманите редовно тренираат и како бекови.

Ајакс има уште еден „бисер“ за продавање – Матијс де Лигт, момчето кое во декември ја освои наградата „златно момче“, кој исто така беше поврзнува со Барса, но и со Манчестер сити, ПСЖ и Јувентус. Иднината на бекот, сепак, најблиску е до „Етихад“, откако Пеп Гвардиола наводно ќе направи сè што е потребно да ја засили одбраната на клубот.

 

Scroll to Top