Top Sport

Барса има „пеколен“ план за следното лето

Мохамед Салах сѐ уште не успева да се договори со Ливерпул за нов договор, бара премногу пари, а навивачите се гневни и тврдат дека сака да си замине од клубот како слободен играч.

Египќанецот е пет години на „Енфилд“ и наводно има ветување од Барселона дека ќе го доведе следната сезона.

Каталонците се обидуваат да се ослободат од вишокот играчи, да ги намалат платите, па за 12 месеци да имаат чиста ситуација и можност да доведат две големи ѕвезди.

Првата е Салах. Барса потпиша договор од околу 300 милиони со „Spotify“ и сигурно е дека во наредните години би можела да си дозволи вакви засилувања.

Според гласините, Чави разговарал со Египќанецот и му рекол да почека, а следната година може да пристигне како слободен играч.

Барселона се уште се обидува да ја заврши работата со Левандовски ова лето, а следната ѕвезда е Рахим Стерлинг.

Фудбалерот на Манчестер Сити ќе биде слободен во јуни 2023 година. Сега има понуди од Арсенал и од Тотенхем да се врати во родниот град, но не е тајна дека Англичанецот сака да се обиде надвор од Островот . Барса би била клуб од соништата.

Scroll to Top