Top Sport

Дејан Георгиевски се закити со бронза во Рим

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски донесе нов медал за Македонија. Тој освои бронза на Гран-при турнирот во Рим од серијата Г6.

Тоа е турнир со огромна конкуренција, над него се рангирани само Олимписките Игри и Светското првенство, котира повисоко дури и од Европско првенство.

Георгиевски во полуфиналето налета на поранешниот олимписки шампион Чеик Салах Сисе од Брегот на Слоновата Коска и загуби со 4-2.

Тој на патот до полуфиналето ги победи Роберто Бота од Италија (2-1) и Маикон Сеиквира од Бразил (2-0).

Ова е прв медал за Македонија од Гран-при турнир во таеквондо.

Scroll to Top