Top Sport

Барса имаат намера да платат 111 милиони евра за Лаутаро

Барселона ќе се обидат во летниот преоден рок да го донесат напаѓачот на Интер Лаутаро Мартинез. Сепак Барса ќе имаат голема конкуренција бидејќи интерес за Аргентинецот покажале уште неколку други клубови.

Лаутаро Мартинез зад себе има одлична сезона. Досега одиграл 26 натпревар на кои постигнал 16 голови.

Интересот за него е голем бидејќи во договорот има клаузула според која од 1 до 15 јули е достапен за 111 милиони евра.

Челниците на Барселона биле убедени дека тој би можел да биде вистинската замена за Луис Суарез. Важно е и што Лионел Меси има само пофални зборови за својот колега од националниот тим.

Медиумите во Шпанија шпекулираат дека вечниот ривал на Барса, Реал Мадрид, сериозно ќе влезе во трката за неговиот потпис.

Scroll to Top