Top Sport

Федерер ќе игра во Париз

Роџер Федерер решил да ги прескокне сите турнири на земјана подлога што му претходна на вториот грен-слем во сезоната Ролан Гарос. Слична одлука Швајцарецот донесе и во 2018 година, разликата е само што тогаш не настапи ниту на Отоврено првенство на Франција.

Федерер решил да игра на Ролан Гарос, но ќе ги пропушти мастерс турнирите во Монте Карло, Мадрид и Рим.

Ова значи дека тој ќе назадува на АТП листата бидејќи минатата година во Мадрид и рим стигна до четврт-финалето.

Швајварецот има 38 години и одлуката да го штеди своето тело е разбирлива.

Федерер неодамна на првиот грен-слем, Австралија опен, испадна во полу-финалето од Новак Ѓоковиќ.

Scroll to Top