Фудбалерите на Барселона лесно го минаа гостувањето на Балеарските острови. Во првиот меч по три месечната пауза Барселона ја победи Мајорка со 4:0.
Барселона не можеше да посака подобар почеток на мечот, Артуро Видал постигна гол по само 65 секунди игра.
Кога се вратија од шокот домашните играчи се обидоа да се заканат кон голот на Тер Штеген, но не успеаја да псотигнат гол.
Во 37 минута Меси му асистираше на Брејтвајт, а Данецот го постигна својот прв гол во дресот на Барселона. Брејтвајт е третиот дански играч, по Алан Симонсен и Михаел Лаудруп, кој постигнал барем еден гол за славниот клуб.
Третиот гол го постигна Жорди Алба во 79 минута, а Меси запиша уште една асистенција. Аргентинецот го постави конечниот резултат во 93 минута.
На овој меч во тимот на Барселона се врати Луис Суарез кој паузираше од 26 јануари.
Барселона со оваа победа ја зголеми предноста на врвот, има пет поени повеќе од Реал Мадрид. Фудбалерите на „кралскиот клуб“ утре ќе го пречекаат Еибар. Од дрига страна Мајорка ја продолжува борбата за опстанок. Тимот од Балеарите е на 18 место со 25 бода.