Top Sport

Барса ја доби пенал-драмата со Бетис, закажа „Ел класико“ во финалето на Суперкупот

Барселона, слично како лутиот ривал Реал Мадрид, дури по изведувањето на пенали влезе во финалето на Шпанската Суперкопа во Саудиска Арабија, откако Марк-Андре Тер Штеген беше џокерот на тимот на Чави Ернандез по 2:2 ремито по 120 минути против Реал Бетис.

Роберт Левандовски, кој не е суспендиран за мечевите од Суперкопа, во 40. минута ги донесе Барса в водство откако голот на Педри 17 минути претходно беше поништен поради офсајд. Сепак, тимот на Маурицио Пелегрини се покажа како опасен противник и Набил Фекир во 77. минута успеа заслужено да израмни.

Овој резултат остана до крајот на 90-те минути, за во продолжението, Барса да дојде во водство во 93. минута со голот на Ансу Фати. Бетис одговори во 101. минута со голот на Лорен Морон за 2:2 и пенал-серија. Таму Тер-Штеген беше подобар од Хуанми и Карваљо за 4:2 победа на пенали.

Scroll to Top