Top Sport

„Слободниот пад“ на Челси продолжува – црвен за Феликс во дебито, па пораз од Фулам!

Работите во Челси никако да тргнат! Неколку часа откако го презентираа Жоао Феликс (пристигнат на „Стемфорд Бриџ“ како позајмен играч), Греем Потер му даде шанса на Португалецот да биде стартер, а тој наместо со голови врати со директен црвен картон, за потоа „сините“ да доживеат 2:1 пораз од Фулам останувајќи „заглавени“ на 10. место на табелата.

Работите на „Крејвен котиџ“ не почнаа најдобро за Челси – нивниот поранешен играч, Вилијан во 25. минута ги донесе Фулам до заслужено водство, но надеж за камбек се појави кога на самиот почеток на второто полувреме, Калиду Кулибали израмни за гостите. Тогаш почна кошмарот – Жоао Феликс доби директен црвен картон за еден остар старт во 58. минута, за во 73. минута, Карлос Винисиус да ја обезбеди победата за тимот на Марко Силва.

Фулам, кои со Манчестер јунајтед се единствени премиерлигашки клубови со совршен скор по рестартот на лигата, се искачуваат на шестото место на табелата со 31 поен, Челси остануваа на десеттото место со 25 поени.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top