Вечерва од 21 часот, на „Ноу Камп“ шпанскиот вицешампион Барселона против Вилјареал ја започнува новата сезона во Серија А.
Актуелниот тренер на Каталонците, Роналд Куман ќе биде 60-тиот кормилар во историјата на клубот.
Куман е петтиот Холанѓанец на клупата на Барса, Првиот бил Ринус Михелс, а потоа дојде ерата на Јохан Кројф, од 1988 до 1996 година. По него на клупата беше и Луј ван Гал, па Гранк Рајкард.
Иако Барселона од седумдесетите години на минатиот век има „холандски печат“, најбројните странски тренери биле оние од Англија, дури 10.
На клупата на трофејниот клуб седеле четворица Аргентинци, тројца Унгарци и двајца Срби (Радомир Антиќ и Љубиша Брочиќ кој бил кормилар 1960/61).
Меѓу тренерите имаше и 27 Шпанци, најуспешен со 14 трофеи е Пеп Гвардиола. Тој од 2018 до 2012-та на 247 меча со Барса има процент на победи 72,47.
Најдолго на клупата на Барса се задржал Кројф, на 430 меча, па следуваат Михелс со 371 и Рајкард со 273 меча.
Останува да се види како Куман ќе се снајде на оваа позиција.