Top Sport

Избори пласман на ЕУРО 2024 па си поднесе оставка

Јарослав Шилхави ја однесе Чешка на ЕУРо 2024 и веднаш си поднесе оставка на функцијата.

Чесите во последното коло извадија „виза“ за Германија со убедливата победа над директниот конкурент за пласман Молдавија со 3:0.

Давид Дудера во 14., Томаш Чори во 72. и Томаш Соучек во 90. погодија за Чесите за големо славје во Олмуц и второто место во групата зад Албанија (двете репрезентации имаат по 15 бода, но Албанија е подобра во меѓусебните дуели).

Чесите останаа без селекторот кој ден пред решавачкиот натпревар исфрли од тимот тројца фудбалери поради нарушување на дисциплината: Владимир Цоуфал, Јакуб Брабец и Јан Кухта, во саботата вечерта се забавувале во ноќен клуб.

„Притисокот беше огромен, понекогаш не го разбирав. Иако сме среќни, пред натпреварот јас и моите помошници решивме да не продолжиме да работиме во репрезентацијата. За ова го информирав претседателот на Сојузот Петр Фушка. Притисокот беше огромен, тоа влијаеше на нашата одлука“, изјави Шилхави по пласманот на ЕП.

Шилхави е на чело на Чешка од 2018 година, а често е критикуван поради неговиот стил на игра.

На ждрепката за ЕП 2024, Чесите ќе бидат во третиот „шешир“ со Шкотска, Словенија, Словачка и веројатно со Швајцарија.

Scroll to Top