Супер компјутерот, пресметал дека Барселона ќе ја освои оваа сезона титулата во Лига Европа.
Барселона, игра лошо во Лигата на шампионите, во првите две кола загубија од Баерн и Бенфика. Барса е последна во Е-групата, без бод и без постигнат гол.
Малкумина им даваат шанси на Каталонците дека ќе успеат да ја поминат групата.
Во една таква ситуација, станаа главни фаворити за освојување на титулата во второто натпреварување на УЕФА, Лига Европа.
Алгоритамот кој ги зема во предвид моменталната форма и вредноста на секој тим, пресметал дека Барса ќе ја освои титулата.
Покрај Барселона фаворити се Наполи, Реал Сосиедад, Баер Леверкузен, Бетис, Вест Хем…