Фудбалскиот клуб Барселона од наредната сезона ќе има нов спонзор. На дресовите и опремата на тренинг ќе стои името на стриминг платформата „Спотифај“. Клубот, за три години од „Спотифај“ ќе доби 280.000.000 евра.
Шпанските медиуми пишуваат дека, според договорот, „Спотифај“ ќе добие и правата на името на стадионот „Ноу Камп“.
Директорите на „Спотфај“, биле во ложата на „Ноу Камп“, во неделата, на дербито со Атлетико.
Се очекува дека спонзорскиот договор ќе биде официјализиран до крајот на неделата.