Top Sport

Видиќ во одбрана на Мегваер: Јунајтед мораат да го заштитат

Еден од дефанзивците кои останаа во сеќавањето на фановите на Манчестер јунајтед, Србинот Немања Видиќ побара „ѓаволите“ да го заштитат капитенот Хери Мегваер за тој да може да ја врати својата најдобра форма.

Мегваер го загуби стартното место во Јунајте оваа сезона под Ерик Тен Хаг, стартувајќи само во четири меча од Премиерлигата, и Видиќ смета дека на клубот му требаат совети за тој да ја врати самодовербата.

„Јасно е дека Мегваер не е во најдобра форма оваа сезона. Мислам дека можат да направат неколку работи за него – прво да не игра на секој меч, за да ја врати довербата. Тренерот треба да го пушти во полесните мечеви, не дека ги има многу во Премиерлигата. Играчот мора да се чувствува силен и моќен на атеренот повторно и тоа не се случува во моментов. Тешко е да се игра под толку голем притисок бидејќи луѓето само чекаат тој да направи грешка“, вели Видиќ за „Атлетик“.

Самиот Видиќ имаше лош почеток на својата кариера со Јунајтед, пред да стане столб на одбраната и да освои 15 титули со клубот.

Scroll to Top