Барселона може да ја реши „сагата“ околу Френки де Јонг на едноставен начин со повикување на шпанските закони за вработување и да му ја намали платата без негова согласност, откако Холанѓанецот одбива да добива двојно помала плата или да замине во Манчестер јунајтед.
Де Јонг, слично како другите фудбалери на Барселона, веќе се согласи на едно намалувње на платата, а клубот му должи 17 милиони евра за неисплатени плати, но шпекулациите во Шпанија тврдат дека е потребно да се согласи на уште едно намалуваање за да можат да се регистрираат петте големи засилувања на тимот (Франк Кеси, Андреас Кристенсен, Рафињ, Роберт Левандовски и Жил Кунде).
Според „Мундо депортиво“ членот 41 од шпанскиот закон за вработувања дозволува компаниите да направат „значително менување на условите за вработување ако постојат докажани економски, технички, организациони или производствени причини“. Оваа мерка, во принцип, може да се однесува на цел тим и може уште повеќе да ја влоши ситуацијата.
Доколку клубот се реши на ваква радикална мерка, Де Јонг има три опции – или да ја прифати одлуката, да ја одбие и да бара легална правда или да ја одбие и да го раскине договорот и да добие компензација.
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, потврди дека ќе разговара со Холанѓанецот кога тој ќе се врати од турнејата во САД.
„Френки е игрч на Барса. Сакаме да остане, тој сака да остане. Добивме значителни понуди за него, но тој е наш фудбалер. Ја знаете нашата ситуација околу буџетот за плати, така што ќе направиме што можеме да го заддржиме Френки во Барса. Се надевам дека и тој ќе го направи истото“, изјави Лапорта.