Top Sport

Ребека Варди го загуби судскиот случај против сопругата на Вејн Руни

Сагата околу сопругите на двајцата поранешни англиски репрезентативци и нивното „оговарање“, случај кој во англискиот печат беше наречен „Wagatha Christie“, конечно доби крај.

Ребека Варди, сопругата на ѕвездата на Лестер, Џејми Варди, го загуби случајот за клевета против Колин Руни, сопругата на легендарниот Вејн Руни и ќе треба да плати отштета од неколку милиони фунти. Колин Руни на Инстаграм ја обвини Ребека Варди дека давала информации на англиските таблоиди во 2019 година, по што војната продолжи во судницата, откако Колин одби да се извини.

Судијката Стејн оцени дека е „многу веројатно“ дека поранешниот агент на Варди, Каролин Вот, давала доверливи информации на весникот „Сан“.

„Доказите јасно покажуваат дека госпоѓа Варди знаела и го одобрувал оваа однесување, активно доставувајќи информации преку својот Инстаграм профил“, додаде судијката.

Хоџсон побара да зборувам со Варди за неговата сопруга, открива Вејн Руни

Сопругата на Варди ја тужи за клевета сопругата на Руни!

Сопругите на Варди и Руни во „лута“ преписка на Твитер

Scroll to Top