Top Sport

Барса може да го добие Димитриевски за 6.000.000 евра

Столе Димитриевски би можел кариерата да ја продолжи во Барселона. „Ел Чирингито“, објави дека Каталонците сериозно биле заинтересирани за македонскиот репрезентативец.

Димитриевски има одлична сезона, тој е еден од најзаслужните за одличните резултати што ги постигнува Рајо Ваљекано. Македонецот е најдобро оценет голман во Примера, а Барселона во неговите квалитети можеше да се увери во меѓусебниот дуел.

Рајо пред околу два месеци победи 1:0, а Димитиревски во вториот дел му одбрани пенал на Депај. По овој пораз Роналд Куман доби отказ.

Димитиревски има договор со Рајо Ваљекано до јуни 2024 година. Откупната клаузула во неговиот договор изнесува 6.000.000 евра. Значи доколку Барселона ја активира клаузулата, тогаш голманот може да го напушти клубот.

Прашање е што е подобро за Димитриевски, да брани во Рајо или да у биде резерва на Тер Штеген во Барселона. Јасно е дека Германецот е број 1 и покрај тоа што ова му е најслабата сезона во Барселона, а во клубот е од 2014 година.

Scroll to Top