Барселона се подготвени да платат 15 милиони евра за да го добијат својот поранешен младински фудбалер Ерик Гарсија, откако Шпанецот одби да потпише продолжување на договорот со Манчестер сити.
Според порталот „Гол“, каталонскиот клуб го направи 19-годишниот Гарсија прва цел во летниот преоден рок, откако тој влегува во последната година од договорот со Сити. Пред реваншот на Сити против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, Пеп Гвардиола призна дека Гарсија одбил нов договор и дека сака да загуби.
Сити го ценат Гарсија на високи 35 милиони евра, но можеби ќе бидат подготвени да го дадат за помалку пари поради тоа што влегува во последната година од договорот и веќе во јануари може да почне да преговара со други тимови.
Гарсија си замина од славната „Ла масија“ академија на Барселона пред три години и оттогаш успеа да влезе во првиот тим на Сити. Во Барселона сметаат дека тој е вистински наследник на Жерард Пике.