Top Sport

Барса на Атлетико им го понудиле Гризман во замена за Феликс

Барселона на Атлетико Мадрид им понудиле да ги разменат Антоан Гризман и Жоао Феликс, тврдат шпанските медиуми. Гризман од Атлетико за 120 милиони евра, пред две сезони се пресели во Барселона, а на неговото место дојде Феликс. Атлетико за младиот Португалец на Бенфика и платија 126 милиони евра.

Откако оваа информација се појави во јавноста, првиот човек на Атлетико, Енрике Серезо, рекол дека мали се шансите размената да биде реалзирана.

„Гризман? Одличен играч, се надевам дека некогаш повторно ќе игра за нас. Меѓутоа не верувам дека Барселона сака да се ослободи од него. Секој тим би сакал да го има во своите редови“, рекол Серезо и дополнил.

„Не постои можност Феликс да замине. Потребно му е време да се прилагоди. Кога ќе започне неговиот подем ќе биде еден од најдобрите во светот. Разберете дека играчите не се роботи“.

Размената тешко може да се реалзиира и поради платите што ги имаат фудбалерите. Гризман во Барселона заработува 17 милиони евра годишно, додека плата на Феликс во Атлетико е 3,5 милиони евра по сезона.

Без оглед на оваа изјава на Серзо, во Барселона ќе работат на трансферот на Гризман. Новинарот Фабрицио Романо тврди дека ПСЖ се заинтересирани за Гризман, меѓутоа фудбалерот повеќе би сакал да игра во Премиер лигата.

Гризман оваа сезона одиграл 50 натпревари за Барселона, постигнал 19 голови и забележал 12 асистенции. Феликс, во сезоната во која се мачи со повредите, одиграл 39 натпревари со учинок од 10 голови и шест асистенции.

Scroll to Top