Барселона го обезбеди потписот на 20-годишниот Бразилец Емерсон од Атлетико Минеиро за 12 милиони фунти, и десниот бек ќе пристигне во Каталонија во јули, потврдија од шпанскиот шампион.
Репрезентативецот на У-20 селекцијата на Бразил досега има 23 настапи за Минеиро, но ќе дојде во Европа и половина сезона ќе игра како позајмен фудбалер на Реал Бетис. Тој има петгодишен договор до крајот на 2023/24, а во моментов настапува на Јужноамериканскиот шампионат за У-20 фудбалери во Чиле.
Емерсон е петто засилување на Барселона во јануари по позајмиците на Жеисон Мурилјо и Кевин-Принс Боатенг, и објавите за доаѓањето на крајот на сезоната на Жан-Клер Тодибо од Тулуз и Френки де Јонг од Ајакс.
Мунир Ел Хадади замина на позајмица во Севилја, додека Денис Суарез замина за Арсенал во Премиер лигата.
[ÚLTIMA HORA❗]
Acord amb l’Atlético Mineiro per al traspàs d’Emerson. Serà blaugrana a partir de l’1 de juliol del 2019Consulta tots els detalls ? https://t.co/HWmqVh8x9u pic.twitter.com/D8K1Xvvy09
— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) January 31, 2019