Top Sport

Пеликанс по пет сезони му врачија отказ на Џентри

Њу Орлеанс пеликанс го отпуштија својот тренер Алвин Џентри по разочарувачките резултати по рестартот на НБА лигата во Орландо и неуспехот да влезат во плејофот.

Пеликанс се трет НБА тим кој останува без тренер по крајот на регуларната сезона по Бруклин нетс и Чикаго булс, а меѓу фаворитите се помошникот на Лос Анџелес лејкерс, Џејсон Кид и помошникот на Лос Анџелес клиперс, Тај Лу.

Џентри пристигна во Њу Орлеанс во 2015 од тренерскиот тим на Голден Стејт вориорс, кои таа сезона беа шампиони. Во пет сезони во клубот тој имаше 175-225 скор и само еден пласман о плејофот.

Scroll to Top