Top Sport

Барса нема пари за Конте, но Пирло останува опција

Италијанскиот спортски весник „Ла газета дело спорт“, тврди дека Барселона едноставно немаат доволно пари да го ангажираат Антонио Конте, така што Андреа Пирло останува главен кандидат да го замени Роналд Куман, по лошиот старт на сезоната, кој може да кулминира утре против Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“.

Поранешните тренери на Јувентус, Андреа Пирло и Антонио Конте беа поврзувани со неговата позиција според каталонските медиуми, но поверојатна опција е Пирло. Конте не сака да започнува со работа откако сезоната е започната, а од друга страна тој секаде каде што бил тренер очекувал висока плата, и пари за засилувања.

Пирло, пак, е поефтината варијанта, бидејќи зад себе има една неуспешна сезона со Јувентус и малку тренерско искуство. Легендите на клубот, Франк Рајкард и Чави се исто така опција.

Scroll to Top