Top Sport

Барса очекуваат приходи од преку една милијарда

Барселона најавиле дека оваа сезона очекуваат нивните приходи да ја надминат сумата од една милијарда евра. Барселона во претходната фискална година, од 1 јули 2018 до 31 јуни 2019 година оствариле приходи од 990 милиони евра, што претставува апсолутен рекорд.

Торшоците изнесувале 973 милиони евра. Најголем дел од овие пари биле потрошени на платите во сите спортски сектори, вкупно 671 милиони евра. Најманогу на плати одат кај фудбалерите, 525 милиони евра.

Исто така било потврдено дека Барселона должат 217,2 милиони евра.

Најавата за оваа фискална година е дека приходите ќе надминат милијарда евра.

„Ова е историска бројка која до сега не ја достигнал ниту еден фудбалски клуб, ниту франшизите од НБА и НФЛ“, соопштиле од клубот.

Scroll to Top