Top Sport

Барселона и Гризман во март го договориле трансферот

Антоан Гризман летово го напушти Атлетико и се пресели во Барселона.Катлонците го искористија периодот од 1 до 15 јули кога неговата откупна клаузула од 200 се намали на 120 милиони евра. Атлетико веднаш по реализицијата на трансферот поднеле тужба против Барселона, бидејќи според нив трансферот тие го договориле уште во март кога клаузулата за откуп била 200 милиони евра.

Гризман замина, Атлетико поднесоа тужба и бараат уште 80 милиони евра, со тврдења дека имаат докази дека трансферот фудбалерот и неговите застапници со Барселона го договориле во март, отприлика веднаш по елиминацијата на Атлетико во осмина-финалето во Лигата на шампионите.

Шпанскиот весник, инаку наклонет кон Барселона „Ел Мундо Депортиво“, објавија кореспонденција што ја имале Гризман и неговите застапници со луѓето од Барселона. Весникот пишува дека Барселона ги прекршиле правилата, тие немале право да преговараат со фудбалерот кој бил под договор без согласност од неговиот клуб.

Покрај Гризман со Барслеона преговарале неговиот татко и сестра, која му е менаџер и адвокатот Севан Кеиран, а во преговорите бил вклучен и неименуван француски посредник.

Тие договориле премија од 14 милиони евра доколку Гризман летово потпише договор со Барселона. Потоа се случило она што често се случува кога се во прашање големи пари, застапниците се искарале околу распределбата на тие 14 милиони евра.

Поради настанатата ситуација францускиот посредник решил да се одмазди и целата комуникација им ја испратил на луѓето од Атлетико Мадрид.

Минатата недела главниот истражител по повод тужбата на Атлетико, Хуанчо Ландабереа, го поднел извештајот и препорачал смешна казна за Барселона. Неговиот предлог е парична казна од 300 евра и еден меч Барселона да одиграат без присуство на публика.

Scroll to Top