Top Sport

Хамилтон се одјавил од „Инстаграм“

Луис Хамилтон, петкратен првак во Формула 1 и лидер во тековната сезона, ги одјавил сите налози што ги имал на социјалната мрежа „Инстаграм“. Британецот бил сигурен дека оваа одлука ќе му го смени животот.

„Решив да свртам нов лист во животот. Забележав дека веднаш кога ќе се разбудам го земам телефонот и проверувам што има на „Инстаграм“. Тоа ми одземаше многу време, но и ми го одземаше вниманието од многу важни работи во животот. Сега кога ќе се разбудам земам книга, ќе прочитам неколку страници, што значи на поинаков начин ми започнува денот. Верувајте, ми се смени животот. Нема повеќе да ги слушам приказните дека не сум „следел“ некои добри другари бидејќи повеќе не сум дел од тоа. Никој нема да може да ми се жали“, рекол Хамилтон.

На „Инстраграм“ налогот биле пријавени 12,8 милиони луѓе. На „Твитер“ Хамилтон го следат 5,6 милиони луѓе, а тој на оваа мрежа следи 843 луѓе.

Scroll to Top