Top Sport

Барса и Пике заедно до 2022 година, откупна клаузула од 500 милиони

Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике го продолжи договорот со Барселона до 2022 година, со неверојатна откупна клаузула од дури 500 милиони евра.

30-годишниот шпанскит репрезентативец одигра 422 натпревари за каталонскиот клуб откако се врати од Манчестер јунајтед во 2008 година, освојувајќи шест титули од Ла лига и три од Лигата на шампионите, а беше дел и од шпанскиот тим кој го освои Светското првенство во 2010 година и Европското првенство во 2012 година.

Пике е „производ“ на славната „Ла Масија“, фудбалската школа на каталонскиот тим, каде што беше од 1997 до 2004, пред Сер Алекс Фергусон да му даде шанса во Манчестер јунајтед, но таму одигра само 23 натпревари.

Scroll to Top