Top Sport

Барса планира да ги врати навивачите на „Ноу Камп“ овој месец!

Барселона има план да ги врати навивачие на „Ноу Камп“ веќе на 30 јуни, тврди весникот „Мундо депортиво“, а за тоа добиле поддршка и од претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас.

Мечевите во големите лиги (Шпанија, Англија, Италија и Германија) се оддржуваат без публика поради ширењето на корона вирусот, но Барса планира да ги убеди властите да дозволат навивачи на дербито со Атлетико Мадрид на 30 јуни.

Шпанскиот претседател Педро Санчез во саботата потврди дека општеството полека се враќа во „новата нормала“ со отварање на рестораните, иако треба да се придржуваат до мерките – луѓето мораат да стојат на 1.5 метри еден од друг.

Барса се надева дека ќе ја убеди Ла лига да дозволи една третина од 90-те илјади седишта на „Ноу Камп“ да бидат пополнети, а логистиката за ова ќе биде доста компликувана – навивачите ќе добиваат точен термин за влез и излез од стадионот преку мобилните телефони. Со ова ќе се реши уште еден проблем на клубот – недостатокот на приходи од мечевите кои ги играат.

Scroll to Top